zamenik-petar-mk

 

Петар Атанасов е роден на 6 мај 1962 година во Скопје. Оженет е и има две деца.

Образование

Во 1989 година ги завршува студиите по Социологија на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, на катедрата по Социологија, каде што во 1999 година ги завршува и магистерските студии на тема „Социологија на етнички групи“.

Во 2002 година докторира социолошки науки на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на темата „Мултикултурализмот како идеја, теорија и практика“.

Во периодот од 2004-2006 година користи стипендија за постдокторски престој на Лондонската школа за економија и политички науки (London School of Economics and Political Sciences), каде работи на сопствено усовршување, пишува и објавува повеќе научни трудови и учествува во подготовката на научни истражувачки проекти поддржани од Советот за економски и социјални истражувања на Обединетото кралство.

Професионален ангажман

На почетокот на 1990 година се вработува како новинар во Македонската телевизија. Најпрвин работи како репортер во Информативната програма, за потоа да стане дел од Надворешно-политичката редакција, каде работи три години. Станува и уредник и водител на вечерните вести на МТВ.

Во септември 1994 година добива понуда за вработување во Министерството за одбрана, каде останува до 2001 година. Работи како советник за односи со јавност и портпарол во кабинетот на министрите за одбрана д-р Владо Поповски, д-р Благој Ханџиски и д-р Лазар Китаноски. Станува и личен советник за односи со јавност на министерот за одбрана, академик Никола Кљусев. Во 2001 година е уредник во секторот за издавачка дејност на Министерството за одбрана.

За време на својот работен ангажман во Министерството за одбрана извршува важни и одговорни задачи. Меѓу најважните е секако учество во главниот тим на Министерството за одбрана за реконструкција на министерството според стандардите на НАТО во соработка со Министерството за одбрана на САД.

На почетокот на 2002 година се вработува на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје како асистент-истражувач. Од 2011 година Атанасов е редовен професор по „Социологија и комуникации“ на Институтот за социолошки и политичко-оравни истражувања.

Во 2006-2007 предава Mултикултурализам на постдипломските студии за човекови права на Универзитетот во Сараево, во соработка со Универзитетот во Болоња. Во 2006 година станува член и на Научниот одбор на Центарот за европски и ориентални студии на Универзитетот во Болоња. Од 2004 година е член на Балканската мрежа на научни истражувачи на глобалното владеење при Лондонската школа за економија и политички науки. Еден е од основачите на Европската истражувачка група за политички ставови и менталитет, а член е и на Уредувачкиот одбор на меѓународното научното списание „Европски тримесечник за политички ставови и менталитет“, што излегува од 2012 година. Од 2008 до 2010 е визитинг-професор на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.
На Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања е координатор на постдипломските студии по „Нови медиуми и социјални мрежи“. Исто така е основач и главен креатор на докторскиот студиум по „Социологија на организација“ на матичниот институт.

Од 2010 до 2012 година работи како надворешен консултант за УСАИД Македонија и Швајцарската агенција за развој и соработка, во областите за граѓанско општество, демократија и демократско владеење и програмски политики. Учесник е и во повеќе истражувања за политики во споменатите и во други области. Многу од овие истражувања се публикувани и се јавно достапни на Интернет.


Во септември 2012 година станува член на Советот за образование на СДСМ. Од 2013 година станува и член на Централниот и на Извршниот одбор на СДСМ. Реизбран е за член и на Централниот и на Извршниот одбор во 2017 година. Од 2014 година ја извршува и функцијата Претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ. Учествува во изработката на последните две изборни програми на СДСМ за парламентарните избори 214 и 2016 година, во деловите за образование и наука и за етнички односи и општествена интеграција.

Во декември 2016 година е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ. Во Собранието ја извршува функцијата Претседател на Комисијата за образование, наука и спорт. Член е и на неколку други комисии и интерпарламентарни групи.


Издавачка дејност

Пишува и објавува главно за мултикултурализмот, националниот идентитетот, етничките конфликти, безбедноста и постконфликтната рехабилитација, но и за социо-економскиот развој, образованието, културната и социјална исклученост и човековиот развој. Учествува во повеќе научноистражувачки проекти на полето на политичката култура, демократизацијата, инклузивноста на општеството, дискриминацијата и предрасудите и граѓанското општество, од кои се објавени десетина книги на македонски и на англиски јазик.

Има објавено повеќе од 50 научни и стручни трудови. Меѓу нив се и два труда за корелацијата меѓу социо-економскиот развој и образованието во 2010 година, и за учеството на родителите во образованиот процес во 2009 година, двата публикувани во годишните изданија на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

Позначајни книги и публикации:

„Македонски мултиетнички јазли – битка за едно или две општества“ во издание на Просветно дело, Скопје 2017.

“Macedonian Multiethnic Puzzles – From Nationalism, Multiculturalism and ‘Alexander-mania’ to Ethnic Democracy” – Lambert Academic Publishing, 2017.

„Демократската свест кај граѓаните на Република Македонија“ во издание на Култура, Скопје 2012.

„Политичката култура и идентитетите“, во издание на Институтот за социолошки и политичко-прави истражувања и Фондацијата отворено општество, Скопје 2012.

„Политичката култура во Македонија“ во издание на Фондацијата отворено општество, Скопје 2010.

„Македонија – демократизација преку еквализација“ во издание на Институтот за политички и интеркултурни студии, Скопје 2009.

„Инклузивност на македонското општество“, издание на Фондацијата отворено општество, Скопје 2008.

„Религиското образование во наставните програми“, издание на Фондацијата отворенно општество, Скопје 2007.

„Македонскиот национален идентитет: квантитативни разлики меѓу унитарниот и субалтерните национални митови и наративи“ во издание на London School of Economics, London 2005.

„Мултикултурализмот како теорија, политика и практика“ во издание на ЕвроБалкан Прес, Скопје 2003.

„Поставеност и остварување на политиката на национална безбедност на Република Македонија“ во издание на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, Скопје 2002.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook